Ние сме подготвени да се најде решение за спорот со името, но за да  дојде до тоа потребна е добра волја од двете страни, изјави македонскиот премиер Никола Груевски, кој денеска престојуваше во работна посета на Вевчани каде во употреба пушти новозиградено тениско игралиште. Тој смета дека се понагласените сугестии од одредени странски дипломати дека е можеби време  меѓународната заедница поактивно да се вклучи во решавање на проблемот за името, со кои неодамна јавно се согласи и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се со добра намера, најавувајќии дека Македонија и натаму ќе продолжи да се залага за разрешување на долгогодишниот спор.

Постојано доаѓаат такви добронамерни сугестии. Ние како држава сме подготвени да се најде решение и ние сакаме решение. Учествуваме во сите комуникации и контакти под покровителство на ОН и ние сакаме што поитно да се дојде до решение затоа што тоа е во интерес на нашата заемја и нашите граѓани. Се разбира очекуваме и Грција да покаже таква волја и се надеваме дека тоа ќе се случи, истакна Груевски.

Во решавање на проблемот со името, Груевски очекува конструктивност и лојалност од коалиционииот пратнер ДУИ, на која во новата Влада и припадна ресорот Евроинтеграции, на чие чело се наоѓа Теута Арифи.

Апсолутно очекувам лојалност и за името и за се. Затоа што државата е држава на сите граѓани независно кој на која етничка заедница припаѓа треба да се бори за прогрес на државата и за се.-рече Груевски

Премиерот смета дека во процесот на евроинтеграција, е постигнат сериозен прогрес и очекува позитивен извшетај од ЕК. Тој најави дека следната недела Владата ќе одржи уште една специјална седница посветена само на прашања поврзани со евроинтеграциите.

Горан Момироски