
„Ние сме Европа. Ние и требаме на Европа, исто како што Европа ни треба нам”, рече Груевски.
Тој додаде дека ЕУ треба да продолжи со успешната приказна за проширувањето, а запирањето на тој процесот со земјите од Балканот би било погрешно.
„Тоа би било двоен неуспех – за кредибилитетот на ЕУ и за трансформацијата на Балканот”, порача македонскиот премиер.
Според Груевски, за сите во Македонија е разочарувачки што наметнатиот спор за името стана централно прашање во процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и тоа спротивно од Копенхашките критериуми.
„Тој спор е многу чувствителен, но во крајна линија тоа е билатерално прашање помеѓу две земји и не треба и понатаму да го блокира почетокот на пристапни преговори со Македонија”,рече Груевски, при тоа додавајќи дека е време во рамки на ЕУ да се преземат неопходни чекори и да се придвижи тој процес нанапред.
OhridNews
извор:Макфакс












