Македонците не се дрво без корен, порача премиерот Никола Груевски, на прославата на Илинден во меморијалниот центар Пелинце.

„Македонски народе, ние не сме дрво без корен, нашата борба за слобода и напредок е заснована на историски континуитет на преплетување на идејните вредности на двата Илиндена, на избликот на националниот креативен потенцијал, на пркосот на духот желен за слободарство, на храброста запечатена со победа“, изјави премиерот Никола Груевски.

Според него, вториот Илинден ги внесе во себе цивилизациските придобивки на првиот, ги надгради и ги оствари.

„Резултатите од НОБ, се пример за заслужена победа со сопствени сили, залагања, самооткажувања, со многу предизвици, со многу енергија, љубов и патриотизам за на крај да се стави печат на триумфот, за да се вброи македонската нација во редот на нациите великани кои му ставија крај на хитлеровото злодело…“, нагласи македонскиот премиер на прославата на Илинден во Пелинце.

OhridNews
извор: Makfaks