Роковите што беа утврдени со договорот од Пржино ќе се испочитуваат и на 15-ти јануари ќе има нова влада, изјави премиерот Никола Груевски.„Тоа што е договорено е нова влада да има на 15-ти јануари. Тие рокови ќе се испочитуваат“, рече Груевски.

Претходно, преседателот на ДУИ, Али Ахмети, пак, од Кичево порача дека изборите ќе се одржат како што е предвидено со договорот и дека нема причина за да биде поинаку.

„Се што договоривме во целост е исполнето освен делот за медиумите“, истакна Ахмети, пренесува МИА. Лидерот на ДУИ се осврна и на случувањата кои беа актуелни минатата година, порачувајќи дека неговата партија и натаму ќе продолжи „да се бори за доброто“ на земјата.

OhridNews