Иако беше најавен, поради неодложни службени обврски, македонскиот премиер Никола Груевски синоќа не присуствуваше на трибината на владиниот тим што се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Тој меѓу другото се подготвува за средба со грчкиот премиер  Лукас Пападимос што ќе се одржи на 1-ви март во Брисел.

Груевски пред повеќе од еден месец упати писмо за средба до неговиот грчки колега, на што беше одговорено дури неодамна. Претседателот на македонската влада го поздрави позитивниот одговор на Пападимос, но изрази резерва околу успешноста на претстојните разговори.

OhridNews