Не посакуваме да има предвремени избори, но, сепак, оставаме простор тоа да се случи доколку сме принудени со некој нов потег, изјави премиерот Никола Груевски по средбата на коалиционите партнери „За подобра Македонија“, пренесува „Макфакс“.

„Ние не сме расположени да има предвремени избори, иако ситуацијата на теренот е поволна за ВМРО-ДПМНЕ и ние би имале победа во случај на предвремени избори. Наше размислување е дека треба да се фокусираме на реализирање на програмата со што треба да продолжиме. Не посакуваме да има предвремени избори, но сепак оставаме простор тоа да се случи доколку сме принудени со некој нов потег“, изјави Груевски.

Груевски не потенцираше каков потег би ја навел владејачката партија да се одлучи на предвремени избори.

OhridNews