Барањата на Грција за промена на идентитетот нема да се остварат, изјави  македонскиот премиер Никола Груевски, коментирајќи ја вчерашната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел дадена во Дубровник, а во однос на тоа дека „проблемите со името и идентитетот меѓу Македонија и Грција се товар за Европа“.

– Тоа беше докажано и со последната изјава на премиерот на нашиот јужен сосед. Тоа не би требало за нас да е нешто ново. ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во било какви иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ, македонскиот јазик и нација“, изјави Груевски.
 
Германската канцеларка Меркел во вторникот на состанокот на регионалните лидери во Дубровник порача дека Германија сака да ја види Македонија во Европската унија (ЕУ) и НАТО, порачувајќи дека за ова да се случи мора да дојде до компромис, а според нејзе под тоа се подразбира дека „дека сите страни истовремено треба да бидат незадоволни, односно дека од компромисот не може да се очекува дека сè ќе заврши со среќа“.

OhridNews

извор Макфакс