Деструктивно однесување  на СДСМ во врска со еврообврзницата беше очекувно, но и штети на држвата, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ НИкола Груевски при денешната посета на Вевчани каде вршеше увид на градежни активности започнати во периодот додека тој беше премиер на владата.

– За мене не е големо изненадување тоа што опозицијата со цел да ни наштети нас како политички опоненти, всушност и наштити или се обиде да и наштети на државата преку испраќање на писма со невистинота содржина до големите мултинационални инвестициски куќи, за да ги исплаши дека ако инвестираат во Македонија средствата може да им пропаднат. – рече Груевски.

Според него нормално е во една таква ситуација инвеститорите да ги проверат добиените информации, кои тој ги оквалификува како обид на СДСМ да се закочи државата и да не може да се исплатат платите на администрацијата, пензиите, субвенциите… – Но ВМРО ДПМНЕ нема да им дозволи да ја рушат државата. – додаде Груевски.

Пари за плати и пензии во буџетот има, возврати СДСМ.

Груевски и соработниците, Пешевски, новиот министер за финансии Миноски ги лажат граѓаните.

Пари во Буџетот за плати и пензии има!

Задолжувањето од 650 милиони евра преку еврообврзница им е потребно за тендери за фамилијата преку непродуктивни трошења, корупција и криминал.

Нема да дозволиме власта на Никола Груевски во заминување, да и приреди на Македонија економски крах и да злоупотреби пари од нови задолжувања за изборна корупција, на грбот на сегашните и идните генерации. – се вели во партиската реакција.