Премиерот Никола Груевски, денес присуствуваше на утринската литургија која се одржа во охридската црква „Св. Богородица“ Каменско, со која чиноначелствуваше митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј.

Груевски посака многу среќа здравје и успех за сите граѓани на Македонија.

–    Господ  да ни даде повеќе сила и мудрост да можеме да продолжиме со успесите и со решавањето на сите предизвици и да ги оствариме сите индивидуални цели. Секое семејство, секоја индивидуа има сопствени желби и цели, поскаувам да им се исполнат и да има повеќе почит меѓу луѓето, рече премиерот Груевски.

На свечената литургија во црквата Св. Богородица каменско присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој на сите верници им го честита големиот празник и им посака здравје и среќа.

Премиерот Груевски со семејството денес  ќе ја посети и црквата  „Св. Ѓорѓија“ во Струга, а утре, во Вевчани ќе присуствува на поставувањето на  камен темелник на нова црква.

OhridNews