Измената на Законот е донесена во парламентот. Можноста е на маса и се надевам дека и таму ќе преовлада разумот и дека ќе ја променат нивната одлука за бојкот на изборите.“ – изјави во текот на вчерашниот ден премиерот Никола Груевски, истакнувајќи дека опозицијата има време до недела да размисли дали ќе оди на локалните избори.

Како што истакна Груевски, партијата е подготвена за разговор врз основа на принципите и позициите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има поставени.

Се надевам дека разумот ќе преовлада кај првиот човек на СДСМ, зошто практично се доаѓа од него.“ – вели Груевски.

Исто така, тој напомена дека на 13-ти февруари била свикана лидерска средба, како би се надминала состојбата во која се наоѓа земјава.

СДСМ прави сериозни грешки со ова што сега се случува. Влезени се во некој нивни филм дека немало да се повлечат, дека ќе прават борба итн. Значи, во еден затворен систем во посебен филм во кој од штета во штета се оди и за нив како партија и за државата.“ – смета Груевски.

Од другата страна, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, вчера изјави дека погрешна е тезата која се пласира во јавноста дека СДСМ е за бојкот, истакнувајќи дека партијата сака да учествува на локалните избори, но за тоа треба да се исполнат барањата на опозицијата кои не се екстремни туку минимални.

Како што потврди Петрески, на завчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ не била донесена одлука  да се бојкотираат локалните избори, туку да се пролонгираат за да може да се исполнат бараните услови.

OhridNews