Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски синоќа изјави дека опозицијата сака да ги одложи изборите и затоа сака да ги растури преговорите. Тој во телевизиско интервју рече дека избори во април мора да има и дека неговата партија е конструктивна во преговорите, пренесува „Телма“.

Груевски потврди дека работата и составот на државната изборна комисија е речиси договорена, но дека не е договорено како ќе гласа дијаспората.

Иако уште пред шест дена, партиите требаше да се договорат за изборните прашања, Груевски рече дека ќе се запазат сите договорени рокови.

Тој ја повика СДСМ да предложи имиња на министри за да може ВМРО-ДПМНЕ да ги разгледа предлозите.

Инаку, нови министри и заменици- министри треба да се изберат до 20-ти октомври.

OhridNews
извор:„Телма“