Премиерот Никола Груевски честитајќи им го на  граѓаните големиот христијански празник Велики поклади – Прочка побара прошка од тие кои сметаат дека им згрешил.

– Длабоко во себе сум свесен дека работам со исправни цели, вредности, дека сакам да постигнам најдобро за сите граѓани и за целата држава. Сепак, човек што толку многу работи е доведен во ситуација да носи брзи одлуки, многу голем број динамични одлуки и не може да не згреши. Од тој аспект сакам секому што сум му погрешил нешто да му се извинам и да му побарам прошка – изјави вчера Груевски при посетата на соборниот храм „Свети Климент Охридски.

OhridNews
извор: „Дневник“