Лична изјава за оставка заверена на Нотар во Будимпешта, пристигнала во собранието. Испратена е да се преведе од унгарски јазик и се очекува најдоцна до понеделник да се достави до сите пратеници, информира телевизија Телма.

На координација ќе се одлучува како ќе се постапи по неа и дали е целисходно во вторник да се раправа за извештајот на комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на мандатот на Никола Груевски. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека доколку оставката е поднесена со нотарски акт тогаш Груевски повеќе не може да биде пратеник и нема основа  собранието  да  расправа за извештајот.

СДСМ ќе изгради став по одржаната кординација со собранискиот спикер Талат Џафери.

Оставката ќе биде ставена на дневен ред во вторник како прва точка.