Сите треба да се вклучат во лобирање и во создавање позитивна клима и атмосфера, вклучувајќи ја и воената дипломатија, како дел од нашата стратегија. Тие имаат добиено прецизни инструкции, затоа што Македонија многу сериозно партиципира во активностите на НАТО и сигурно дека ќе направат се што е во нивна моќ, изјави денес премиерот Никола Груевски, зборувајќи околу предложените засилени активности и лобирање во пресрет на самитот на НАТО кој ќе се одржи во мај во Чикаго.

–    Воениот дел на Алијансата многу добро знае што значи Македонија во нивните редови. Можеби политичкиот дел тоа не го чувствува така силно како што го чувствува воениот, но знам дека воениот дел го чувствува во вистинската смисла на зборот затоа што тие се на терен, нивните луѓе со кои директно се комуницира се на терен, а знаеме дека од терен се добиваат највисоки оценки за активностите на македонската војска во рамки на НАТО, изјави Груевски.

OhridNews