
никогаш и никој не треба да ја става под знак прашање, таа е една и
единствена, сакаме почеток на пристапните преговори и сакаме час поскоро
да станеме и членка на Европската Унија.
Ова вчераго порача
премиерот Никола Груевски, откако го прими Извештајот на Европската
комисија(ЕК) за напредокот на земјата од евроамбасадорот Аиво Орав,
пренесува „Макфакс“.
Според премиерот, Македонија е подготвена во секој момент да ги започне преговорите
„Пристапниот
дијалог на високо ниво, идејата која ја лансиравме заедно со
претседателот на Европската комисија, г-динот Баросо, а ја реализиравме
со безрезервни вложувања и посветеност заедно со комесарот Фуле, беше
новиот извор на толку потребната енергија за реализација на нашите
приоритети. Овој дијалог обезбеди форма на наша директна и лична
комуникација и платформа која овозможи да се концентрираме на
приоритетните прашања во моментов, со чија реализација, се согласивме,
дека Македонија ќе постигне мултиплициран ефект“, рече Груевски.
Тој додаде дека регионалната соработка останува и натаму во центарот на македонската надворешна политика.
„Свесни
сме дека во основата на ваквиот пристап, се кријат решенијата на сите
несогласувања и недоразбирања, кои за жал, сè уште се реалност на нашите
простори. Македонија секогаш беше и ќе биде активен чинител на сите
регионални иницијативи“, истакна Груевски.
Македонскиот премиер
најави продолжување на реформите, како и мерки и чекори кои треба да го
подобрат квалитетот на живот на граѓаните во време на светска економска
криза.
„Македонија е цврсто определена да продолжи да гради
функционална држава со мултиетнички карактер, силна и конкурентна
економија и највисока можна соработка со сите наши соседи и поширокиот
регион. Убедени сме дека за секој проблем, постои и решение. Потребна е
желба да се најде решението и потребно е да се пронајдат патиштата до
тоа решение. Со доделувањето на датум за пристапни преговори, Советот на
Европската Унија и земјите членки, ќе отворат едно ново поглавје за
нашата земја, но и за регионот, чин кој ние ќе знаеме да го цениме и
вреднуваме, и на него да одговориме како и досега, со напорна работа“,
истакна Груевски.
извор:„Макфакс“












