Македонскиот премиер Никола Груевски денеска на припадниците на албанската заедница во Република Македонија им го честиташе празникот 22 ноември – Денот на албанската азбука, пренесува „Макфакс“.

„Јазикот од секогаш бил основна алатка за комуникација помеѓу луѓето, негувач на традициите и чувар на идентитетот. Азбуката пак од своја страна е нераскинлив дел до јазикот кој обезбедува негов графички приказ и негово вистинско отелотворување во јавноста. Токму затоа, самиот чин на создавање на азбука е чин кој има високо цивилизациско значење за секој народ“, се вели во честитката.

„Во нашето општество, јазиците од секогаш биле мост на сплотување, како во историјата, така и денес кога албанската азбука и јазик се нераскинлив дел од јазичната разноликост и духовно богатство на Република Македонија. Наше право, чест и обврска е таквата разноликост да ја почитуваме, негуваме и празнуваме“, стои во честитката.

OhridNews
извор:„Макфакс“