Спорт за името треба да го решат Македонија и Грција, а не некој друг, изјави премиерот Никола Груевски, по средбите во Вашингтон со американскиот потпретседател на САД Џозеф Бајден и државниот секретар, Хилари Клинтон.
Груевски не откри детали дали со САД се договорени некакви чекори за надминување на овој проблем.
„САД побараа решавање на проблемот и ние ќе останеме фокусирани“, додал Груевски.
Македонскиот премиер со американските домаќини разговарал и за состојбите во земјата, подготовките околу пописот и за враќањето на опозицијата во Собранието.
извор: „Макфакс“












