Државниот испит ќе овозможи поквалитетен високообразовен кадар, а за студентите што учат нема да имаат проблеми со полагањето, смета премиерот Никола Груевски.

– Не би сакал еден ден да се изгради зграда која ќе падне затоа што ја изградил градежен инженер, кој си ја купил дипломата, рече Груевски.

Груевски потсети дека на последната Владина седница, било овозможено кај 20 отсто од испитите да не мора да има 60 отсто одговорени прашања и да може и со половина од тоа да се положи испитот.

– Исто така овозможивме три до четири други олеснувања што ги немаше во првата верзија, истакна Груевски.

OhridNews