„Влогот за државата е голем и треба барем за неколку дена да се фокусираме на решавање на проблемот, а не на игри, манипулации и сплетки со медиуми и портали кои се под контрола на СДСМ”, изјави попладнево Никола Груевски при посетата на струшкото село Бороец зборувајќи околу работата на ад- хок комисијата.

Груевски при тоа додаде дека  ВМРО – ДПМНЕ е фокусирана дијалогот за Комисијата за расветлување на настаните во Собранието од 24 декември да успее, додека СДСМ повеќе е фокусирана на порталите што ги контролира со цел да прават сплетки и манипулации.

OhridNews