Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, кој избега од земјата во Унгарија, во ек на повеќе судски процеси кои се водеа против него, во интервју за телевизија „Сител“ снимено во Будимпешта, каде побара политички азил, изјави дека власта не му помогнала да избега, но не откри како ја напуштил државата. Како избегал од Македонија во Албанија тој остави власта да открие.
Oва е прво официјално телевизиско појавување на Груевски во Македонија по бегството во Унгарија, на медиум кој за време на неговото владеење често го користеше за јавни настапи и упатување пораки до јавноста, како што беше и во периодот на протестите околу преземањето на власта во државата од тогашната опозиција, кои кулминираа со крвавите инциденти на 27 април.
OhridNews