ВМРО-ДПМНЕ ќе потпише Извештај на Ад хок Комисијата за настаните од 24 декември, каков што сака СДСМ, а останува отворен предлогот за предвремени избори пред Извештајот за напредокот од ЕК, објави премирот Никола Груевски, по одбивањето на неговите предлози од страна на опозицијата.

„Со право народот ќе рече дека нам ни ја дале улогата да ја чуваме и заштитиме државата во ваква ситуација. Затоа ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да гласа и да потпише Извештај на Ад хок комисијата како што сака СДСМ, и ако тоа го сакаат ќе го потпишаме заедно со нив. Ако ним не им е важен интересот на државата, нам ни е важен. Како партија со најголема доверба од граѓаните, која седум пати по ред победува на избори, ќе подметнеме грб и се ќе им потпишеме. Ако не може да се радуваат на победа на избори нека се радуваат барем на овој извештај”, рече Груевски.

Груевски додаде дека ако по прес-конференцијата , од СДСМ се предомислат за предвремени парламентарни избори, само нека јават и пратениците од позицијата ќе пристигнат.

Во својата изјава премиерот рече дека на 24 декември СДСМ во неколку наврати го прекрши уставот во обид за насилно одземање на власта, а ВМРО-ДОМНЕ делувало во насока на зачувување на Уставот.

За дадените предлози ад хок комисијата да донесе каков било извештај со три напрема два гласа, иако на тој начин тоа ќе биде партиски извештај, сепак со цел да се запази она што го очекува ЕУ од Македонија и второто да се потпишат два Извештаи, а да се оди на избори веднаш пред да излезе Извештајот за Македонија од ЕК, Груевски вели:

„СДСМ како причина за неодење на избори наведе дека тоа ќе биле криминални избори, но всушност се знае дека тие немаат поррдшка од народот и стравот дека катастрофално ќе ги загубат изборите е вистинската причина, а не измените на Изборниот законик”.

Груевски рече дека до сега откако се на власт четири пати го менувале законикот, но се уште не донеле законик со кој ќе победи СДСМ.

OhridNews