Груевски во гостувањето во „Отвореното студио“ на ТВ Нова кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвени веднаш да има предвремени парламентарни избори. Тој објасни и која целта на 10-те пратенички групи, а таа не е блокирање на Собранието, туку работа за подоброто на граѓаните.

10-те пратенички групи се наше деловничко право, второ затоа што кога гледаме на каков незаконски начин се избра претседател, како се донесоа одредени закони. Гледаме поголема шанса за почести интервенции на координаторите за процедурални прашања, можности за подолги говори, со цел влијание, нормално и оддолговлекување ако нешто е штетно за граѓаните, да видат што се случува. Нашата цел е да работиме за подобро на граѓаните.

Тој кажа дека имаат план да се вратат на власт и дека секако ќе се вратат на власт.

Ако се прашуваше народот ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе беше на власт и ВМРО ќе се врати на власт. Се што сега работиме во партијата е само раздвижување кон локалните избори, каде победа неминовно ќе допринесе до нови парламентарни избори. Македонците што гласаа за Заев, а уште повеќе Албанците нека видат со кого имаат работа. ВМРО беше на власт и ќе врати на власт, со победа замина, со победа ќе се врати, порача Груевски.

Тој додаде дека гревот на ВМРО ДПМНЕ бил  што 11 години партијата не попуштила под притисоци, закани и уцени да се смени името, јазикот и идентитетот на државата и дека целта на власта сега е да ја ослаби опозцијата за ги реализира ветените цели кон некого.

Во тв интервјуто Груевски се осврна и на Договорот за добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија, посочувајќи дека Бугарија не го признава македонскиот јазик, што е спротивно на ставовите на бугарскиот државен врв кој јавно призна дека Бугарија го признала македонскиот јазик кога ја признала нашата држава и Уставот.

-Договорот со Бугарија, Република Македонија го договараше подолг период, таму неколку прашања останаа за понатамошни дискусии. Едно прашање, на кое што ние инсистиравме беше прашањето тие да ги признаат македонскиот јазик. Тие се уште, во сите договори досега пишуваат „македонски јазик согласно Уставот на Република Македонија“. Тоа имплицира дека не постои, измислен е македонскиот јазик, ама бидејќи го има во Уставот, тогаш ОК нека пишува македонскиот јазик согласно Уставот. Во ниеден друг договор кој што го потпишала Бугарија со друга држава нема таква формулација. Во ниеден друг договор меѓународен кој што го потпишала Македонија нема таква формулација, вели Груевски.

OhridNews