
Повикува на внимателност со цел да не се нарушува меѓуетничкиот и меѓурелигискиот соживот во земјата.
„Секој има право да протестира. Тоа е човечко и демократско право и од тој аспект јас немам ништо против утрешниот протест, меѓутоа, секој што протестира треба да внимава на сопствената одговорност, затоа што живее во едно демократско општество и треба да внимава да не подлегне под одредени манипулации или нечии туѓи агенди. Македонија е мултиетнички држава, мултиверска, мултиконфесионална држава. Живееме заедно и ќе продолжиме да живееме заедно. Треба да се мисли и на денот потоа, така што во тој поглед апелирам до секој од утрешните демонстранти, изразувајќи го своето мислење за тоа за што тој е излезен – да внимаваат и на својата одговорност. Секој има и лична одговорност во нашето општество, така што и тие луѓе што ќе протестираат и демонстрираат имаат лична одговорност за своите постапки, тие да бидат законски и да не го нарушуваат соживотот и меѓуетничкото и меѓуверското живеење што со векови егзистира на овој простор и ќе продлжи да егзистира во иднина“, изјави Груевски, по неформалните најави за нов собир во петок против апсењата за петкратното убиство.
извор: „Макфакс“












