Премиерот Никола Груевски во изјава за медиумите дадена денеска во Скопје, изрази жалење што неговиот близок соработник, Паско Кузман е во притвор.
„Па немам коментар. Паско Кузман го чувствував за близок, бидејќи често се гледавме при нашите соработки, и мене ми е многу жал што е во една таква ситуација, она што го знаете вие го знам и јас од медиумите, дека имало некаков договор кој требало или не требало да се потпише, според обвинителството, нешто се погрешило, така што, ќе си има судска постапка во којашто г-нот Кузман ќе има можност да си ја каже својата страна“, изјави премиерот Груевски.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман од 15-ти јули се наоѓа во домашен притвор. Тој претходно беше приведен под сомнение дека извршил злоупотреба на службената положба и овластување.
МВР го сомничи Кузман дека нелегално издавал дозволи за истражувања на археолошки локалитети и го оштетил министерството за внатрешни работи за 1,2 милиони денари.