Во Охрид на регатното поле Пристаниште-Горица-Канал Студенчишта се одржа Државното првенство во класите Оптимист и Ласер 4.7.


Настапија дваесетина најдобри едриличари од клубовите СНЕГАР и СИРМА од Струга ,  СТРМЕЦ и БОФОР од Охрид. По непостојан ветар од променлив правец се одржаа три регатни трки.


Во класата Оптимист по голема неизвесност државен првак стана Илче Грунче од Бофор-Охрид, неговиот клубски другар Игор Каневче се закити со сребрен медал, додека третото место и бронзениот медалго освои Златко Златески од Снегар-Струга

Во категоријата на девојки во Оптимист се натпреваруваа две едриличарки поуспршна беше Евелина Арнаудова од Бофор Охрид


Во класата Ласер 4.7 државен првак е Ердал Лушо од Снегар-Струга, второто место го освои Димитар Поп-Стефанија од Бофор-Охрид,додека на трето место се пласира Агим Фејзулоски од Снегар-Струга

Покрај незгодните временски прилики Државното првенство помина во добра организација на Едриличарскиотклуб Бофор.
 

Ohridnews