Финалните денови до почетокот на 21-то Светско првенство во фудбал најчитаниот интернет портал во регионов Ohrid News ќе ги искористи за промовирање на осумте групи во кои има по четири селекции. Одбројувањето односно промовирањето ќе го започне со А групата во која се наоѓаат домаќинот на светскиот собир Русија, Саудиска Арабија, Египет и Уругвај.
Квалитативно и според имиња најдобра селекција во А групата има Уругвај, но Русија само поради домаќинството отскокнува нијанса пред уругвајците. Поддршката од публиката на вакви големи натпреварувања игра важна улога и затоа на русите им се дава мала предност пред Уругвај кој игра и допадлив односно напаѓчки фудбал.
Многу работи во селекцијата на Египет (ќе) зависат од Мохамед Салах кој моментално се наоѓа во врна форма и е помеѓу најдобрите фудбалери. Повредата на рамото со која се здоби во финалето во Лигата на Шампиони малце ја поремети атмосферата во селекцијата, но со Салах вети дека ќе направи се да игра во Русија. Со него во составот Египет ќе има сосема нов лик и амбиција. Саудиска Арабија е речиси редовен учесник на мундијалите, но без некој посериозен успех. Ниту сега не се очекува нешто големо и затоа учеството е доволно признание за азијците.
Распоред:
Група А: Русија, Саудиска Арабија, Египет, Уругвај
1.коло: Русија – Саудиска Арабија, Египет – Уругвај
2.коло: Русија – Египет, Уругвај – Саудиска Арабија
3.коло: Уругвај – Русија, Саудиска Арабија – Египет
OhridNews