Без голови и без победник заврши пресметка меѓу Франција и Швајцарија за првата позиција во А групата додека Албанија во третата рунда ја совлада Романија 1-0 и ја оствари првата победа во дебитанскиот настап на Европските првенства.
„Триколорите“ имаа повеќе од играта и прилики за погодок, но швајцарците благодарание на голманот Јан Сомер издржаа и го осигураа пласманот во осминафиналето од втората позиција во А групата.
Нашиот западен сосед Албанија со голот на Армандо Садику во финишот од првиот дел успеа да го запише првиот првиот бод на ЕП.
Франција го освои првото место во А групата, Швајцарија второто, а пласманот на Албанија која има три бодови ќе зависи од исходот на останатите третопласирани селекции во другите групи.
Во осминафиналето покрај првото и втоторото пласирани селекции патуваат и четирите најдобро третопласирани репрезентации.
Резултати: Швајцарија – Франција 0-0, Романија – Албанија 0-1.
Група: Франција 7, Швајцарија 5, Албанија 3, Романија 0.
OhridNews