Со два голови во завршната фаза од мечот селекцијата домаќин на Европското првенство Франција ја совлада 2-0 Албанија и го завери пласманот во елиминациската фаза.
Поразот од „триколорите“ за албанската репрезентација вкупно втор во групата можеби (ќе) значи крај на сите надежи за нешто повеќе на Европското првенство.
Херои на „петлите“ се Ентони Гризман кој погоди во 89-та минута и Димитри Пајет кој пак ја запечати победата во судиското продолжение.
Франција со максимални шест бодови е лидер во А групата, Швајцарија има четири, Романија еден, а Албанија е без бодови.
Резултати: Франција – Албанија 2-0, Романија – Швајцарија 1-1.
Табела: Франција 6, Швајцарија 4, Романија 1, Албанија 0.
OhridNews