По Франција, и селекцијата на Швајцарија ги прокнижи првите бодови во А групата од Европското првенство победувајќи ја Албанија со минимални 1-0.


Швајцарците до трите бодови стигнаа со голот на дефанзивецот Фабијан Шаер кој мрежата ја погоди во петтата минута од натпреварот.


Албанците на дебито на Европското првенство не се посрамотија и кога останаа со фудбалер помалку откако капитенот Лорик Цана заработи два жолти картони.


Во продолжение од мечот и двете селекции имаа свои шанси, но голманите го имаа главниот збор и остана резултатот од петтата минута од натпреварот.

Швајцарија во втората рунда ќе се сретне со Романија додека Албанија ќе ги одмери силите со домаќинот Франција.

Резултати: Франција – Романија 2-1, Албанија – Швајцарија 0-1.

Табела: Франција 3, Швајцарија 3, Романија 0, Албанија 0.

OhridNews