Со голот на капитенот Васили Березутски во судиското продолжение Русија обезбеди бод против Англија ремизирајќи 1-1 во дербито во Б групата.
Англичаните беа подобар противник и пококретен, имаа и предност со погодокот на Ерик Дајер од слободен удар во 73-та минута, но на крајот освоија само бод со горчлив вкус.
Победата на мечот со Русија широко ќе им ги отвореше вратите за осминафинале и прва позиција во групата, вака се останува отворено.
Претходно, на победа во дебитанскиот настап на Европското се радуваше селекцијата на Велс која со 2-1 ја совлада репрезентацијата на Словачка.
Во втората рунда Англија ќе ги одмере силите со Велс, а Словачка ќе ги лечи раните против Русија.
Резултати: Велс – Словачка 2-1, Англија – Русија 1-1.
Табела: Велс 3, Англија 1, Русија 1, Словачка 0.
OhridNews