Репрезентацијата на Англија ја забележа првата победа на Европското првенство во Франција совладувајќи го Велс (2-1) во островското дерби кое се одигра во втората рунда од Б групата.
„Гордиот албион“ со триумфот над лутиот ривал изборен во судиското продолжение го освои првото место во груоата и завери пласманот во нокаут фазата на ЕП.
Најзаслужни за првата радост на англичаните се Џејми Варди и Даниел Стариџ кои со погодоците во вториот дел откако влегоа во игра го свртија резултатот по водечкиот гол на Велс преку Герет Бејл.
Во третата решавачка рунда во Б групата ќе се сретнат Англија – Словачка и Велс Русија.
Група Б: Англија – Велс 2-1, Русија – Словачка 1-2.
Табела: Англија 4, Велс 3, Словачка 3, Русија 1.
OhridNews