Група Б: Кадмо го “реши“ Ликвид, триумф за 1/8 финале на Охридски Комуналец
04.04.12 20:21
Првиот натпревар од третата рунда во А Групата им припадна на Охридски Комуналец кои со 5-2 ги совладаа “учениците“ на Ванчо Питошески.
По првиот дел “црвените“ имаа предност од 3-1. Абазоски ја доведе екипата на Охридски Комуналец во предност, неколку минути потоа Баналоски ја дуплираше. “Учениците“ не се предадоа, и преку Трајковски го намалија резултатот, до крајот на полувремето Охридски Комуналец погоди уште еднаш а стрелец на голот беше Ристески.
На почетокот од вториот дел, “плавите“ со голот на Михаилов го намалија резултатот на 3-2 и комплетната ја вратија неизвесност во мечот. Баналоски со “парот“ погодоци во финишот стави печат на победата за Охридски Комуналец и пласман во понатамошната фаза.
– Турнирот е големи искуство за нашите дечиња, кој е прекрасно организиран. Ние иако загубивме два натпревари не разочаравме. На мечот со Охридски Комуналец имавме неколку прилик за погодок додека резултатот беше активен но за жал не ги искористивме. Со турнирот се покажа дека во Охрид има потенцијал и го сакаат фудбалот – истакна професорот во средното училиште, Андреески Тони.
Кадмо со убедливи 4-1 триумфираше во “езерското“ дерби со Ликвид и “исплива“ на првата позиција во А групата. Мрежите во првиот дел мируваа, а претежно играта се одвиваше на средината на теренот.
Во вториот дел “црните“ беа тие кои први се размавнаа и за седум минути постигнаа четири погодоци во кој го решија победникот. Толески Гоце стрелаше два пати додека по еднаш мрежата на Ликвид ја затресоа Елвис Бајрам и Трифуноски Коста. Почесниот погодок за “белите“ го постигна Атај Уљо.
– Натпреварот беше тврд, ние бевме тие кои го повлекоа првиот чекор на мечот, а потоа се` беше полесно. За 1/8 финалето немаме “пикирано“ некој противник но добро е што сме први во групата и ќе избениме потесните фаворити – потенцираше “џокерот“ на Кадмо, Зоран Томановски.
ГРК Охрид во сабота ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига Во сабота не очекува натпревар против екипата на Струга на домашен терен, една млада борбена...
Ракометарите на Охрид денес ја започнуваа новата сезона во македонската Супер лига со мечот од 1 коло против екипата на Алкалоид Со добра игра се надеваат на позитивен резултат Натпреварот се игра ...
Ракометарите на Охрид ја започнуваа новата сеозна во македонската Супер лига со мечот од 1 коло против екипата на Алкалоид на гости Не очекува стартот на сезоната кој сите со нетрпените го очекувам...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.