Селекцијата на Словачка со победата (2-1) над руската репрезентација во втората рунда од Б групата комплетно се врати во игра за местата на табелата кои во водат во нокаут фазата.
Континенталниот собир во Франција, словаците го започнаа со пораз од Велс (2-1), а победата им беше неопходна за продолжување на сонот за осминафинале.
Словаците со головите на Владимир Вајс и Мартин Хамшик поведоа со 2-0, а русите преку Денис Глушаков само го ублажија поразот кој ги втурна во амбисот.
Втората рунда од Б групата ќе се комплетира со островското дерби меѓу Англија и Велс кое ќе се одигра в четврток во 15 часот.
OhridNews