Група Б : “Ванчо“ го запре Ликвид, “нула“ меѓу Кадмо и Комуналец
01.04.12 21:22
“Учениците“ на Ванчо Питошески ремизира 3-3 против Ликвид на отварањето на првиот натпревар од втората рунда во Б групата.
Фаворизираниот тим на Ликвид според очекувањата дојде во предност веднаш на стартот од мечот. Раниот погодок не ги поколеба “црвените“ кои го возвратија “ударот“ преку Михаилов, додека со погодокот на Трајкоски направија комплетен пресврт од 2-1, резултат со кој се замина на одмор.
Екипата на Ликвид се консолидираше и успеа да го изедначи резултатот на 2-2 со голот на Миминоски. Но наместо да го финишираат противникот, “белите“ се опуштија по што следуваше уште еден контраудар. Мустафоски ја доведе екипата на “Ванчо Питошески“ повторно во предност. Гол предноста 3-2 ја имаа се до последната минута од мечот кога го платија данокот на неискуството, и Ликвид преку Атај израмни на 3-3.
– Со секој еден натпревар нашата екипа станува поискусна, на два пати имавме предност од 2-1 и 3-2, но не успеавме да реализираме контранапади со кои ќе го “затворевме“ мечот. За нас останува последниот меч на кој ќе ја бараме шансата за пласман во нокаут фазата – рече Тони Андреески.
Без победник и без голови заврши втората пресметка во оваа група. Кадмо имаше серија прилики но не успеа да го совлaдаaт одличниот Пејоски на голот на Охридски Комуналец.
Чашитоски и Толески ги имаа најубавите прилики за “црните“ но мечот кој помина во цврста игра заврши онака како и што започна со почетните 0-0.
– Тежок натпревар, во кој преовладуваше тактиката. Тие се искусна екипа, знаеа што сакаат низ целиот меч и го остварија. Ние си имавме свои шанси кои нажалост не ги искористивме. Групата многу компликуваше откако нашите конкуренти Ликвид ремизираа и натпревар меѓу нас ќе одлучува за многу работи – истакна најдобриот фудбалер во екипата на Кадмо, Тодоровски Горан.
ГРК Охрид во сабота ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига Во сабота не очекува натпревар против екипата на Струга на домашен терен, една млада борбена...
Ракометарите на Охрид денес ја започнуваа новата сезона во македонската Супер лига со мечот од 1 коло против екипата на Алкалоид Со добра игра се надеваат на позитивен резултат Натпреварот се игра ...
Ракометарите на Охрид ја започнуваа новата сеозна во македонската Супер лига со мечот од 1 коло против екипата на Алкалоид на гости Не очекува стартот на сезоната кој сите со нетрпените го очекувам...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.