Селекцијата на Хрватска ги прокнижи првите три бодови на Европското првенство во Франција победувајќи ја Турција со минимални 1-0 во премиерниот натпревар од Д групата.


„Коцкастите“ до првата радост на ЕП стигнаа со брилијатниот погодок на Лука Модриќ пред крајот на првото полувреме. 


Хрватите ја контролираа играта во текот на целиот меч и на турците не им дозволија шанса да се спасат од пораз на стартот од ЕП.

Во останатиот меч од првата рунда во Д групата ќе се сретнат Шпанија и Чешка.

OhridNews