Бранителот на трофејот на Европското првенство во Франција, Шпанија со минимална победа (1-0) над Чешка ги започна мечевите по групи.


Чесите долго до 87-та минута оддоловеа на нападите од „црвената фурија“ кога Жерард Пике со глава по додавањето од Андрес Иниеста ја погоди мрежата за победа.


Шпанија со овие три бода се изедначи со селекцијата на Хрватска која во премиерниот меч од Д групата ја совлада Турција со 1-0.

Во следната втора рунда од Д групата ќе се сретнат Чешка – Хрватска односно Шпанија – Турција.

OhridNews