Селекцијата на Италија со минимални 1-0 ја совлада Шведска во втората рунда од Е групата и го завери местото во елиминациската фаза на Европското првенство во Франција.
„Азурите“ трите бодови вредни пласман во осминафиналето ги обезбедија во финишот на мечот односни 88-та минута со голот на Едер.
Италијаните се на добар пат да го освојат и првото место во групата Е бидејќи единствен конкурент е Република Ирска која пак ќе се сретне со Белгија.
OhridNews