Ирска и Белгија ги комплетираа патниците во осминафиналето на ЕП во Франција. Ирска забележа сензационална победа над Италија со 1-0 благодарение на голот на Барди во 85 минута.
Белгија со голот на Наиголан ги “закопа“ надежите за позитивен резултат на “викинзите“. Мечот против Белгија беше последниот во дресот на Шведска за Златан Ибрахимовиќ.
Во осминафиналето Италија ќе игра против Шпанија, Белгија против Унгарија, додека Ирска против Франција.