Изненадувачки Унгарија, а не фаворизираната Португалија заврши како првопласирана во групата Ф. Во третата рунда Унгарија и Португалија го одигра најефикасниот меч досега 3-3. Ремито беше доволно за Португалија да стигне до елиминациската фаза и тоа како една од најдобрите четири третопласирани репрезентации.
Исланд ја продолжува својата бајка откако со 2-1 го совлада и елиминираше фаворитот од сенка Австрија. Австријците кои допатуваа како тивки фаворите со два порази и едно реми ги завршија натпреварите.
Португалија ќе игра со Хрватска, додека Исланд ќе се судри со Англија. Унгарија ќе игра со вторпласираниот од Е групата.
ohridnews