Селекцијата на Исланд го приреди најголемото изненадување во групната фаза од Европското првенство ремизирајќи 1-1 со репрезентацијата на Португалија.
Во премиерниот натпревар од Ф групата и Унгарија успеа да направи сензација победувајќи го составот на Австрија со 2-0.
На „рибарите“ од Исланд не ги поколеба ниту водството на „селесао“ преку Нани во 31-та минута од натпреварот. Исланд во петтата минута од второто полувреме го изедначи резултатот со голот на Биркир Бјарнасон.
Во продолжението од мечот и двете селекции има шанси за втор погодок, но ремито на крајот е реален резултат.
OhridNews