Независната група избирачи „В.Ц.“ до Управниот суд преку Државната изборна комисија поднесе тужба, во врска со гласањето на избирачкото место 1313 во с. Подмоље, каде по пребројувањето, независната листа на советници со реден број 6 – „Љ.Н“ доби едно советничко место на сметка на листата со реден број 13.

Независната листа предводена од Владо Цветкоски обвини за неправилности во Подмоље, а забелешка упатиа и на начинот на кој било извршено пребројувањето на неважечките ливчиња од страна на Општинската изборна комисија.

Приговорот на „В.Ц“ беше одбиен од страна на ДИК, по што групата избирачи поднесе тужба до Управниот суд, до кој пристигнале вкупно 18 тужби. Одлуката на Управниот суд е конечна.

Ohridnews