Селекциите на Германија и Полска ја оправдаа фаворитската улога во првите мечеви од Ц групата победувајќи ги Украина (2-0) односно Северна Ирска (1-0).
„Панцирите“ во најдобриот и најсодржајниот натпревар досега на Европското првенство сосема заслужено ја добија Украина.
Погодоците за германците ги постигнаа Шкодран Мустафи и Бастијан Швајнштајгер, а и двете селекции во текот на мечот имаа по три чисти прилики за погодок.
Првиот меч од Ц групата меѓу Полска и Северна Ирска го реши Аркадиус Милик со голот во 50-та минута од натпреварот.
Во следната втора рунда од Ц групата ќе се сретнат Германија и Полска односно Украина и Северна Ирска.
OhridNews