Без голови и без победник заврши дербито во Ц групата меѓу селекциите на Германија и Полска во рамките од втората рунда во групната фаза на Европското првенство.


Ремито од овој меч им одеше во прилог на двете селекции кои со победи го отворија Европското првенство и затоа не е изненадувачки резултат.

Претходно во воведниот меч од втората рунда Северна Ирска со 2-0 ја совлада Украина и сериозно се замеша за местата кои водат во осминафиналето од групата.

Во третата рунда од групата Ц ќе се сретнат Германија – Северна Ирска и Полска – Украина.

Група Ц: Украина – Северна Ирска 0-2, Германија – Полска 0-0.

Табела: Германија 4, Полска 4, Северна Ирска 3, Украина 0

OhridNews