Свечената академија, во чест на Свети Климент Охридски- Заштитникот на Охрид, ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19 часот.

Свеченоста ќе започне со химната за Свети Климент од Димитар Масески во изведба на хорот при ОСУ „Св. Климент Охридски“, а потоа пригодно обраќање ќе има градоначалникот Никола Бакрачески. Беседа за великото дело на светецот ќе одржи проф. д-р Кирил Темков, а потоа ќе биде врачена наградата „Св. Климент Охридски- Патронот на Охрид“ на Општинската организација на Црвен Крст.

Свечената академија ќе заврши со настап на најреномираната македонска етно група „Синтезис“.

OhridNews