Англискиот премиерлигаш Евертон доби дозвола за градање на нов стадион со капацитет од 50 000 гледачи во северниот дел од Ливерпул.

– Кога играме натпревари на домашен терен сите ние поминуваме низ тој дел од градот. Отсекогаш размислував дека тоа е идеална локација за нов стадион, а таа идеја конечно ќе дојде до реализација. Ние ќе останеме во истиот дел од градот, но ќе направиме чекор понапред во однос на сите свери и конечно ќе имаме услови да се впуштиме во борба за титулата – рече првиот човек на Евертон, Бил Кенврајт.
И навивачите на „карамелите“ сакаат нов дом иако на Гудисон парк нивните миленици играат од далечната 1892 година.
Мх.П.










