Големите фудбалери се големи и по завршување на кариерата. Поранешниот член на Челси и Барселона, Ејдур Гудјонсен сам му се понуди на клубот Чапекоесне кој во авионска несреќа ги загуби сите фудбалери.
Авионот во кој се наоѓаше целата експедиција на Чапекоенсе вклучувајќи ги фудбалерите, стручниот штаб и техничкиот персонал се сруши непосредно пред слетување во Меделин. Клубот патуваше во Колумбија каде требаше да го одигра првиот натпревар од финалето против Атлетик Национал во Судамерика.
Претходно, сами на несреќниот клуб му се понудија бразилскиот магионичар, Ронадлињо и Хуан Роман Рикелме.
– Од почитување без никаков финансиски надомест ќе играм за Чапекоенсе, секако ако има место во тимот. Сакам повторно да заиграм со Роналдињо во тимот и мислам дека ќе им ги вратиме насмевките на навивачите на трибините. – изјави Гудјонсен.
Исланѓанецот кариерата ја заврши во Индија, а во Европа настапуваше за Челси, Барселона, Монако, Болтон, Фулам, АЕК и Клуб Бриж.
OhridNews