На 27 септември 1998 година официјално започна со работа најголемиот интернет пребарувач на денешницата, па така Гугл вчера го прослави својот 15ти роденден.


Во текот на првата година основачите на Гугл Лери Пејџ и Сергеј Брин како деловен простор користеле гаража во градот Манло Парк во Калифорнија. Денес по 15 години нивниот производ е најкористениот интернет пребарувач кој минатата година имаше приход од над 50 милијарди долари.

Вчера на главната страна на Гугл во сите 150 земји во кои е присутен се појави анимација со која се обележа роденденот на компанијата.