Остров во јужниот Тихи Океан којшто можеше да се види на „Гугл мапс“ ги збуни и научниците кои истражуваа што има таму. Имено, истражувачите не успеале да најдат ништо, пишува „Мирор“.

Чудниот појас копно, познат и како „Песочен остров“ (Sandy Island), долго време е мистерија. Се работи за темна точка меѓу Австралија и Нова Каледонија, која на „Гугл Ерт“ беше некако различна од другите oкoлни острови.

Но, истражувачите не пронашле ништо друго освен морски бранови, како и дека длабочините на океанот таму е повеќе од 1.400 метри и заклучокот гласи дека е невозможно да се крие нешто под вода што би било видливо.

Сакавме да го провериме тоа, бидејќи навигациските карти на бродот покажаа длабочина на вода од 1.400 метри во областа, што е прилично длабоко. Тоа се појави на „Гугл Ерт“ и други мапи, па отидовме да провериме и – немаше остров. Ние сме навистина збунети, ова е прилично бизарно, вели Марија Сетон од Универзитетот на Сиднеј.

Гугл го отстрани тн. „Песочен остров“ од „Гугл мапс“.

OhridNews