Стратегот на Кордоба, Мирослав Ѓукиќ беше разочарон од односот на своите фудбалери по поразот од Барселона со 5-0.Србинот не го криеше своето незадоволство по лошата престава.

– Дојдовме само да им ги земеме дресовите на играчите на Барселона, навистина се срамам, ние баравме автограми и дресови уште пред натпревар. За да победите овде, треба да бидете горди кога ќе излезете на терен“, рече Ѓукиќ.

Во победата на Барселона, за прв пат во шпанската примера во листата на стрелци се запиша Луис Суарез, по еден гол дадоа уште Педро и Пике, додека два пати беше прецизен Меси.

ohridnews