Еден гулаб од Јапонија го прелетал Пацификот и по минати 8000 километри стигнал во Канада, каде ќе го преземе еден одгледувач на гулаби, соопштиле локалните власти. Кревок и заморен, гулабот бил пронајден во канадската воздухопловна база на стровот Ванкувер, а потоа бил однесен во засолниште за животни каде бил лекуван од болест која често се јавува кај птиците. Реџ Весткот, претставник на локалната организација за заштита на животните, рекол дека најверојатно тргнал од Јапонија па се загубил или го фатило невреме, па одмарајќи на канадски брод пристигнал во земјата.
Гулабот, стар една година, бил пуштен на 9 мај заедно со уште 8000 гулаби од северот на Јапонија на трка од 1000 километри, изјавил сопственикот на гулабот Хиројасу Такасу. Тој бил пронајден со помош на етикета со неговиот мобилен телефон која ја носел гулабот. Такасу, кој има десет гулаби, рекол дека е изненаден бидејќи никогаш претходно не слушнал дека гулаб може да лета од Јапонија до Канада. Инаку, гулабите можат да минат 650 километри, а овој минал пат од 8000. Сопственикот одлучил да не го зема назад и да остане кај одгледувач во Канада, бидејќи враќањето би можело да биде многу опасно по животот на птицата.